Новата генерација на Play Station наскоро пристигнува на пазарот, а главниот архитект на претстојната конзолаа Марк Черни откри неколку детали за спецификациите на новиот модел на гејмерскиот уред.
Според зборовите на Черни, конзолата со неофицијално име PlayStation 5 ќе вклучува и high-spec solid state погон и GPU, кој може да поддржува следење на трагите на светлосни зраци.
Тој исто така откри дека конзолата дефинитивно нема да биде претставена во 2019. година, бидејќи како што вели, ова е вистинска машина од новата генерација, а не надградба на PS претходниците.
Како што многумина очекуваат, конзолата PS 5 ќе поддржуваат и 8К екрани. Голема е веројатноста дека и PS 5 ќе понуди подобро искуство за виртуалена реалност.
Черни исто така потврди дека конзолата и натаму ќе прифаќа физички медиуми, односно CD, наместо поддржување само на формата за преземање или стриминг. Тоа значи дека конзолата ќе биде компатибилна и со PS4 игри.
Според најавите на главниот архитект, PS 5 ќе им донесе и ново аудио искуство на корисниците. Многумина ќе се израдуваат за тридимензионалниот звук – конзолата ќе има посебен AMD чип за тоа. Марк Черни од Sony вели дека играчите ќе добијат подобро чувство на присутност во просторот преку звукот, на слушалки.
Информациите за изгледот на конзолата и обликот на контролерот се уште не се познати, а детали можат да се очекуваат до крајот на оваа година.