Dell има нов ласерски проектор што е идеален за оние кои не сакаат за 4K телевизор од 80 инчи да платат над 10.000 долари. Dell Advanced 4K Laser Projector нуди 100-инчен приказ, со поддршка за HDR.
Dell истакнува дека проекторот првенствено е наменет за користење во канцеларија или училници, каде 100-инчниот дисплеј е корисен за презентации на голем број луѓе. Меѓутоа, има и неколку карактеристики кои проекторот го прават одлично решение и за дневните соби.
Овој модел бара само четири инчи растојание од ѕидот за да проектира 100-инчна 4К слика. Уште еден бонус е дека користи ласер наместо светилка, која е скапа компонента и мора често да се менува во другите проектори. Dell истакнува дека осум часа користење, во текот на пет дена во неделата, проекторот ќе остварува работен век од барем 10 години. Тука е и освежувањето од 120Hz, Bluetooth поддршка и USB порт.
Dell Advanced 4K Laser Projector ќе има цена од 6000 долари, а ќе се најде во продажба од 19. јули.
Извор: SlashGear