Аmazon Kindle веројатно е првата асоцијација што многумина корисници ја имаат кога станува збор за електронските читачи. Уредите во овој сегмент имаат своја лојална база на фанови низ целиот свет. Конкурeнцијата меѓу производителите ја натера компанијата да претстави надградена верзија на Kindle, која веќе е достапна на интернет, преку онлајн продавницата на Amazon.
Eдно од подобрувањата е интеграцијата на прилагодлив LED систем во предниот дел кој го осветлува Е-Ink екранот на електронскиот читач. Новиот модел нуди поосетлив екран на допир и помоќен хардвер за разлика од претходната генерација. Оперативниот систем е Kindle OS, откако апдејтуваниот читач автоматски се поврзува со вашата сметка на Amazon.
Сопствениците на Amazon Kindle (2019) ќе добијат и неограничен простор за складирање на содржини на Amazon на cloud серверите на компанијата. Електронскиот читач е опремен со 6-инчен екран со густина на пиксели од 167ppi, уредот може да направи разлика помеѓу 16 нијанси на сива боја и нуди 4GB меморија, што е доволно за да се складираат илјадници електронски книги. Батеријата обезбедува до четири недели еднократно полнење, а новиот модел сега се продава на веб-страницата на компанијата по цена од 90 долари.