Авионот со најголем распон на крилата успешно го реализира првиот лет, објави американската авио-компанија „Stratolaunch“.
Авионот има два трупа и распон на крилата од 117 метри. Летал два и пол часа над пустината Мохаве во Калифорнија, на висина од пет километри и извел повеќе маневри.
„Каков прекрасен прв лет“, рекол извршниот директор на „Stratolaunch“, Џејн Флојд.
„Stratolaunch“ во 2011 година ја основа коосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален. Целта на компанијата е да овоможи лансирање на сателити во вселената од авион наместо од земјиното тло.