Како што јавуваат светските медиуми, најголемите социјални мрежи не беа достапни во повеќе делови од светот

Корисниците ширум Европа имаа технички проблеми со користењето на Facebook, додека корисниците од Малезија и САД, покрај проблемите со Facebook, немаа пристап ни на Instagram и WhatsApp.

Неможноста за пристап на Facebook, Instagram и WhatsApp е забележана и во Македонија.

Интернет сајтот Downdetector, кој ги следи проблемите во работата на популарните социјални мрежи и сајтови, наведе повеќе стотина забелешки на функционирањето на трите социјални мрежи во сопственост на Facebook.

Сајтот објавил и мапа и од деловите на светот од кои доаѓаат најмногу забелешки на работата на Facebook.

Се претпоставува дека падот на мрежата е предизвикан од измените во работата на кампањите за огласување, кои се најавувани подолго време.

Во меѓувреме, бројни корисници на социјалните мрежи користат Twitter, како алтернативно решение.

Некои во овој момент со проблемот се забавуваат на шеговит начин.