Xiaomi кај Intellectual Property Organisation (WIPO) поднесе патент за телефон со две селфи камери во засек (notch), кој е сместен во дното на екранот. Исто така, LetsgoDigital пронајде и пријава за патент на верзија на смартфон кој има камери во долните агли наа уредот
WIPO базата на идентификациски кодови и регистрацијата датира од 25. мај, 2018. година. Шематиката, исто така, открива и две камери на задната страна и преден панел без рамки.
Нешто помалку интересен, но и натаму необичен систем е патентирањето на отвори за две селфи камери во горните агли. Видливи се две различни варијанти на патентот, каде што едниот го користи дисплејот како звучник (слично на она што го нудат Xiaomi Mi Mix или Huawei P30 Pro).
Компаниите обично патентираат различни видови на необични дизајни, за да обезбедат никој друг да не ги употреби, така што не е сигурно дека споменатите решенмија ќе бидат имплементирани во комерцијални уреди.