SАко се прашувате зошто бројот на следбеници на Instagram ви опаднал, веројатно сакате да знаете и кој престанал да ве следи.
Наједноставен начин за да го проверите тоа е мануелното броење и следење на вашите следбеници. Но, доколку имате многу следбеници, тоа е практично невозможно, што значи дека доколку сакате да откриете кој престанал да ве следи, ќе треба да употребите друга апликација.
Со оглед на големиот број на измами, од Instagram воведоа строги правила преку кои на бројни надворешни апликации им ја намалува можноста за пристап на вашата листа на пријатели, што значи дека и во овој момент има мал број на апликации кои навистина функционираат.
Follow Metter
Една од нив е Follow Metter која ќе ви даде увид во вашата популарност на Instagram, луѓето кои престанале да ве следат и слично. Откако ќе ја превземете од „виртуелната продавница“ на iOS или Android, ќе мора преку апликацијата да се најавите на Instagram.
Потоа, апликацијата ќе ви прикаже кои корисници престанале да ве следат, ќе ви ги прикаже кои не започнале да ве следат откако вие сте ги заследиле и слично. Според многумина, токму Follow Meter е една од апликациите која најдобро се прилагодува на новите правила за безбедност на Instagram.
Follow Cop
Покрај Follow Meter, исто така една од побезбедните апликации за ваква намена е Follow Cop, која работи само на Android. Станува збор за апликација која ќе ви овозможи да го следите бројот на следбеници, корисници кои што не ве заследиле иако вие сте го сториле тоа, ќе ви ги прикаже најголемите обожаватели и слично.
Со оглед на тоа што апликацијата ги прикажува само неодамнешните активности, ќе треба да ја проверувате почесто.
Извор: Tportal.hr