Google ја унапреди својата платформа Google Maps, на која корисниците од сега можат да креираат јавни настани.
Со користењето на оваа опција, сега можете да дознаете каде што се наоѓа, но и каде што се случува. Досега корисниците преку Google Maps можеа да оценуваат некои локации и да додаваат своите рецензии, а од неодамна можат и да креираат некој настан со името, времето и местото на одржување на настанот и други пожелни информации.
Новата можност е дел од трансформацијата на Google Maps, кој сака на корисниците да им пружи целосни можности за пронаоѓање на местата кои сакаат да ги посетат. Случувањата на одредени локации сигурно ќе придонесат за тоа.
Google во изминатите години почна да им препорачува разни локации на корисниците, но не и настани на тие локации, во што секако се истакнува Facebook. Меѓутоа, најпопуларната социјална мрежа се уште не мора да се грижи, бидејќи како што забележуваат техно експертите, Google се уште доволно не ги развил новите можности, бидејќи бројните случувања се појавуваат на мапата, дури по еден час.