Оние кои се во потрага по уште едно OLED решение на пазарот на PC монитори, одговорот би можеле да го пронајдат во во вид на Asus ProArt PQ22UC моделот. Мониторот не е наменет за гејмерите, а првенствено цели на ентузијасти и креатори на содржини со нешто подлабок џеб.
ProArt PQ22UC има 22-инчен OLED екран со 4K резолуција, поддршка за HDR и 10-битен панел за подобрена репродукција на бои. Дополнителна помош во репродукцијата и прецизноста на приказот на боите пружа фабрички калибрираната поддршла за Delta E < 2 прецизност на приказ.
Asus ProArt PQ22UC има контраст 1000000:1, 14-битна интерна табела за пребарување, поддршка за Gamma вредности од 2.6, 2.4, 2.2, 2.0 и 1.8. Од конекторите, присутни се Micro HDMI и два USB-CTM портови (со поддршка за AC напојување) и трансфер на податоци до 5 Gbps, како и 4K UHD излез.
Цената на Asus ProArt PQ22UC мониторот изнесува 5160 evra.