Mozilla претстави нова верзија на својот интернет прелистувач Firefox, која е посебно прилагодена за работа на iPad уредите на Apple.
Според Mozilla, кај изработката на овој браузер, целта не била да се направи голема верзија на веќе постоечкиот Firefox за iOS, туку верзија на прегледник, која во целост е прилагодена и ги искористува предностите на iPad (посебно поголемиот екран).
Претставениот Firefox поддржува поделен екран, кратенки за тастатурата (за корисниците кои со својот iPad користат некоја од физичките тастатури), можност за поставување на Firefox како зададен прегледник, испраќање на табови на други синхронизирани уреди (опција Send Tabs), ноќен и темен начин на работа, полесен начин на приватен начин на сурфање на Интернет и отворање на линкови од Microsoft Outlook апликацијата за iOS.
Firefox за iPad е достапен за преземање преку официјалната продавница за апликации AppStore за iOS.
Поврзани артикли