Со месеци се шпекулира за влезот на Bugatti во светот на електричните автомобили, а според неодамнешни информации тоа станува се поизвесно
Според британските медиуми, францускиот производител на суперавтомобили веќе добил зелено светло од челниците на групата Volkswagen, чиј член е овој автомобилски производител.
Првиот електричен автомобил од Молсхајм се очекува да биде пласиран во 2023 година а, наводно, ќе се базира на платформата што ја користи првиот електричен модел на Porsche – Taycan.
Новиот седан на Bugatti со четири врати треба да ја добие култната ознака Royale со широка употреба на крабон материјали за да се заштеди на тежина.
Додека Taycan е долг 4,85 метри, неговиот „брат“ од Франција очигледно ќе биде „многу подолг“, веројатно цели 5 метри.
Што се однесува до изгледот, се очекува возилото да позајми многу детали од Chiron, заедно со инспирација од ретро модели како Type 41, кој е произведуван во 1920-тите и 1930-тите.
Нема детали за внатрешноста на автомобилот, но што може да се очекува од возило кое ќе чини најмалку 700.000 евра?
Посебно прашање се перформансите – Porsche Taycan развива повеќе од 600 КС, додека Bugatti Royale се очекува да има околу 900 КС благодарение на три електромотори и погон на сите тркала.
Извор: Додај Гас