Samsung минатиот месец во Сан Франциско го претстави својот Galaxy Fold флексибилен смартфон, кога во текот на Unpacked настанот, Извршниот директор на компанијата DJ Koh го прикажа уредот. Меѓутоа, уредот беше недостапен за јавноста и медиумите, така што не беше јасно како изгледа и функционира одблиску.
Сега се појави видео на YouTube, кое покажува како изгледа работата со уредот. Можно е да се види како точно Fold се трансформира од телефон во таблет и обратно. Меѓутоа, она што многумина го забележаа и што е јасно видливо е присуството на набор во делот, каде што смартфонот се превиткува во средина на екранот, кога се користи во таблет мод.
Во својата раширена форма, Galaxy Fold има 7,3-инчен QXGA+ дисплеј, додека во склопена форма има 4,6-инчен HD+ екран. Телефонот може без прекинување на дејството кое е во тек, да се префрла помеѓу двете состојби, а ова е овозможено со помош на функцијата, која Samsung ја нарекува App Continuity.
Од видето е тешко да се распознае дали во прашање е потрошувачка верзија на телефонот или прототип. Samsung вети дека дисплејот на телефонот нема да има никакви оштетувања од константното преклопување, па очекува да се види дали наборот ќе се појавува и на моделите кои ќе се појават на пазарот. Galaxy Fold ќе се најде во продажба на почетокот на април, по почетна цена од 1980 долари.