Intel само што ја официјализира претстојната Cannon Lake серија процесори, а деветтата генерација Core процесори ќе биде изработена во 10 нанометарски процес. Intel исто така објави дека втората микроархитектура на компанијата направена во 10 nm литографија, Ice lake е одложена, а деталите ќе следуваат наскоро.
Во исклучителната трка со AMD, Intel малку френетично ја надградува својата линија производи. Компанијата ќе почне со Basin Falls HEDT платформата во текот на летото оваа година, по што кон крајот на летото стигнува 14 nm Coffee Lake од осмата генерација. Coffee Lake ќе ги донесе првите шестојадрени процесори во Интеловата мејнстрим десктоп линија, која досега беше ограничена на двојадрените и четиријадрените модели на процесори.
Cannon Lake практично ќе има помала матрица во однос на Coffee Lake, па не треба да се очекуваат големи промени во микроархитектурата, освен можеби повисоките работни тактови и понискиот TDP. Од друга страна, Ice Lake ќе биде поголема надградба на микроархитектурата, а овие производи се очекуваат кон средината на 2018. година.
ИЗВОР: TweakTown