WhatsApp, како и многу други компании, исто така има бета канал во кој ги тестира новите функции и идеи, пред да ги направи достапни за сите. Најновите меѓу нив, кои се неодамна откриени, вклучуваат преглед на веб-страници во рамките на апликацијата, како и обрато пребарување на фотографии.
Како што вели и самото име “in-app browser” овозможува отворање на веб-страници во рамки на WhatsApp. На овој начин, корисникот не мора да го напушта WhatsApp за да отвора линкови. Меѓутоа, потребно е да се истакне дека не е можно креирање на скриншотови и снимање на екранот додека се користи прегледот на страници. Опцијата исто така ги известува корисниците кога отвораат страница која потенцијално може да биде злонамерна.
Друга функција која е во фаза на тестирање е обратното пребарување на фотографии. Опцијата овозможува уфрлање на фотографија која сте ја добиле во чет во Google за да се види дали истата некогаш претходно се појавувала на веб. На овој начин е можно да се провери дали фотографијата е вистинска или не.
Двете функции се забележани на бета WhatsApp апликацијата за Android и моментно се уште се недостапни за корисниците. Моментно нема информации за тоа кога ќе бидат овозможени за сите.