Истражувањето на Американската автомобилска асоцијација (ААА) покажува лоша клима за инвестиции во оваа област.
Седум од десет Американци признаваат дека се плашат од автономните автомобили и не би се возеле во таков автомобил, што се навистина непријатни резултати за автомобилските компании кои инвестираат стотици милиони во технологии за автономно движење, открива истражувањето на Американската автомобилска асоцијација (ААА).
Причината за оваа недоверба и страв, искажани од 71% од учесниците во анкетата на ААА посветена на автономните автомобили, се „инцидентите кои детално биле обработени од медиумите“. Несреќата во која загина пешак минатата година во Аризона е на чело на оваа листа. Но овие инциденти се помалку од 5, а аналитичарите забележуваат дека информациите на оваа тема често се жртва на „медиумска хистерија и шпекулации“.
Сепак, над половина од испитаниците изјавиле дека би се возелие во автономен автомобил, но само кога станува збор за „движење со мала брзина и на кратки растојанија“, а најдобрите места за тоа се „аеродромите и забавните паркови“. Поточно, 53 проценти од учесниците се подготвени на таква авантура, додека 44% изјавиле дека ја поддржуваат „испораката и разнесување на храна и стока“ со автономни автомобили.