Поголем дел од корисниците пред спиење ги стават своите мобилни уреди на полнење, без оглед дали е тоа потребно или не. Всушност, денешните уреди се паметни и знаат да контеолираат колку точно и како треба да се полнат, зар не? Проблемот всушност не постои во смисол на тоа батеријата да може да се преполни, туку во фактот дека самото полнење е штетно за нив.
Литиум-јонските батерии во денешните уреди се потпомогнати со низа електронски додатоци кои обезбедуваат стабилно полнење во поголем број од условите. Но, јасно е дека самото нивно полнење полека ја уништува хемијата на батериите и тие ги губат својствата. Бидејќи корисниците ги менуваат мобилните уреди на секои две години, поголемиот дел од нив не го ни забележуваат тоа во поголема мера (во зависност од тоа колку циклуси на полнење ќе поминат).
За оние кои немаат немаат намера тоа да го прават поради буџетот или поради некоја трета причина, а не мораат да ги менуваат батериите за неколку години во скап сервис поради секојдневно полнење, стручњаците препорачуваат користење на побавни полначи. Хатем Зеине, основач на компанијата за безжично полнење Ossia препорачува на пример потрошувачите да ги полнат батериите на iPad Pro со полначи од iPhone.
На тој начин, батеријата на уредот со побавно полнење ќе биде постудена, а токму високата температура е една од ставките кои драстично го скратуваат животниот век на литиум-јонските батерии. Дури и Apple на својата веб-страница наведува дека температурите над 35 степени Целзиусови можат трајно да го намалат капацитетот на батеријата.