Основачот на компанијата Space X и познат милијардер, Елон Маск, изјавил дека руското производство на ракети е првокласно, а руските ракетни мотори се моментално најдобри на светот.
„Русија има неверојатно авио-инженерство и моментално најдобри мотори за летање. Би било одлично кога Русите би направиле повеќекратна верзија на нивните нови ракети “Ангар””, напишал Маск на својот профил на Твитер.
Маск покрај објавата приложил и соопштение од порталот „Арс Техника”, во кое се наведува дека рускиот вселенски брод “Сојуз” не може да се спореди со новите уреди “Драгон” кои ги произведува Space X.
Потсетуваме, Маск неодамна ја пофалил и преправената руска “Лада” на која хаубата и багажникот ги замениле местата, па се стекнува впечаток дека возилото се движи наназад.
Russia has excellent rocket engineering & best engine currently flying. Reusable version of their new Angara rocket would be great. https://t.co/6RLvf5R4ni
— Elon Musk (@elonmusk) March 7, 2019