Геолозите во Канада откриле дека древниот континент, познат како Северноатлантски кратон, бил за 10 отсто поголем од претходните проценки, покажува најновото истражување на канадските истражувачи. 

Истражувачите од Универзитетот Британска колумбија (UBC), дошле до тоа откритие во текот на проучувањето на примероците на дијамнати од најголемиот канадски остров Бафин и во таа прилика идентификувале нов дел од древниот фрагмент на земјината кора – познат како Северноатлантски кратон, кој што се движел од Шкотска кон Северна Америка и се уништил пред 150 милиони години пренесуваат од Си-ен-ен.

Научниците утврдиле дека примероците кои што ги анализирале имале “минерален потпис“ прикажан во други делови од тој посебен кратон, голем блок на земјината кора кои што го формираат јадрото на континентот.

Геологот Маја Копаилова од UBC и водечкиот автор на истражувањето, навела во заедничко соопштение дека минералниот состав на другите делови од Северноатлантскиот кратон се толку единствени што нема грешка дека соседните древни кратони во Северна Канада покажале различни минералогии, како и дека откритието на нејзиниот тим ќе биде “патоказ на исчезнатите делови од сложувалката“.

Како што се наведува, додека претходните проценки за големината и локализацијата на земјината плоча биле засновани на релативно “плитки“ примероци, на 10 километри под земјата, ова истаржување докажува дека карпите се извадени од длабочина на 200 километри под земјата.

Извор: Alo.rs