Samsung е еден од најпродуктивните производители на телевизори, а новиот патент дизајн ветува целосно поинакво ниво на интересни дизајни и квалитет на слика. Според откритие на сајтот LetsGoDigital, Samsung поднел барање за патент, кој ја сугерира идејата на безжичен примопредајник и дисплеј.
Патентот е објавен пред неколку дена, а една од идеите телевизорот да се напојува безжично е да се користи поширока намотка. Меѓутоа, бидејќи ТВ уредите имаат тенденција да одат кон се потенок дизајн, а тоа значи дека во внатрешноста на уредите нема место за имплементација на ваква намотка. Решението на Samsung, според овој патент, е да се користи шипка која е сместена хоризонтално зад телевизорот. Безжичниот ресивер би бил поврзан на одвоена кутија, која изгледа како sound bar, а во неа би се наоѓал безжичен примопредајник.
Како и секогаш, кога се во прашање патенти од овој тип, не е сигурно дека решението од апликацијата ќе биде имплментирано и во конкретен комерцијален производ. Сепак, нема сомневање дека постојат многу потрошувачи кои не сакаат заплеткани кабли зад своите телевизори.
Решението од патентот би можело да се примени на се попопуларните 4K и 8К телевизори, кои би било потребно само да се закачат на ѕид, а меѓу ваквите модели е и Frame линијата телевизори на Samsung.