Германската автомобилска индустрија зема нов замав во процесот на електрификација и приближување до новите трендови, а тоа ќе чини неверојатни 60 милијарди долари.
И тука не е крајот затоа што овде се зборува за инвестиции во следните три години во кои Германија ќе се потруди со промовирање на електричните возила и изградба на инфраструктура да ги оствари целите во однос на емисиите на CO2 поставени од страна на Европската унија. Токму изградбата на инфраструктурата или мрежа на полначници, е најголемата операција, потврди првиот човек на VDA Бернхард Метс.
“Без драстичен скок на електрична мобилност во Европа нема да биде можно да се постигнат строгите цели за емисиите на CO2 до 2030 година“, објаснува Метс. Тој истакнува дека учеството на електрични возила во Германија мора да биде поголемо отколку во останатиот дел од Европа, а исто толку добро и повеќе треба да биде инфраструктурата.
Затоа германските производители ќе инвестираат над 40 милијарди евра во електричната мобилност во текот на следните три години, а дополнителни 18 милијарди во дигитализација, технологии за поврзување и автономни системи за возење, пишува Auto News Europe.