Пекинг планира да го проучи рускиот „Сухој“ Су-57 и да ги искористи неговите можности на својот Ј-20.

Како што објави изданието Military Watch, во овој момент се смета дека Кина е еден од најверојатните купувачи на рускиот ловец од петтата генерација Су-57.

Пекинг планира да го проучи рускиот „Сухој“ Су-57 и да ги искористи неговите можности на својот Ј-20, сметаат аналитичарите.

Тие потсетуваат дека двата кинески ловци J-11B и J-16 се претходно проектирани врз основа на рускиот ловец Су-27. Су-57 е нова генерација борбени авиони кои треба да го заменат Су-27. Авторите на текстот тврдат дека, според мислењето на кинескиот конструктор Ванг Јунгќин, набавката на Су-57 ќе им овозможи на Кинезите внимателно да го проучат овој авион.

На пример, Кинезите се уверени дека Ј-20 има одлична електроника и скоро идеална способност за намалена видливост, додека руското летало има врвни маневарски способности и одлично вооружување.

Пекинг планира да ги искомбинира најдобрите карактеристики и способности на новиот руски „Сухој“ и сопствениот Ј-20. На тој начин очекува дека ќе добие извонредно летало.

Извор: Russia Beyond