Шведскиот Volvo планира да воведе електронско ограничување на максималната брзина на своите автомобили од 2020 година.
Како што e најавeно, секоe новo Volvo ќе има лимит од 180 km/h од следната година. Volvo го воведува ова ограничување со цел да го намали бројот на сообраќајни незгоди кои се предизвикани поради преголема брзина.
Според најновите податоци на Одделот за безбедност во сообраќајот на САД, 25% од сите фатални несреќи во САД се предизвикани од несоодветна брзина.
„Никој нема да страда од новите Volvo автомобили“, велат од шведската компанија.
Покрај ова лимитирање, Volvo планира воведување и на технологија која автоматски ќе ја ограничи брзината на возилата во близина на болници и училишта, како и воведување на системи за препознавање на алкохолизираност и деконцентрација на возачот, состојби исто така се чести причини за сообраќајни незгоди.
„Ние сакаме да иницираме дискусија за тоа дали производителите на автомобили имаат право, па дури и обврската да инсталираат технологија која ќе го промени однесувањето на возачите, со цел да се спречат работи како забрзување, возење под дејство на алкохол и деконцентрација. Немаме цврст одговор на ова прашање, но веруваме дека ние треба да започнеме дискусија и да бидеме пионери“, вели првиот човек на Volvo, Хакан Самуелсон.