WhatsApp е една од најпопуларните апликации на светот. Постои еден трик да откриете колку сте зависни од него.
Имено со помош на еден трик, можете да проверите кому од пријателите му испраќате најмногу пораки и да го следите точниот број на текстови што сте ги испратиле.
WhatsApp има скриен бројач на пораки кој е вграден во апликацијата. Можете да го пронајдете бројот на текстови кои сте ги испратиле и примиле во разговорот и колку пати сте ја делеле локацијата.
Исто така, прикажува колку фотографии, снимки, гласовни пораки, документи и стикери се испратени – и колку простор зафаќаат. Можете дури и точно да видите колку простор заземаат разговорите со пријателите.
Овие бројки можат да откријат кој ви е вистински пријател на WhatsApp. Но, внимавајте: можеби ќе откриете дека некому сте му испратиле десетина илјадаи текстови и сте сфатиле дека имате голема WhatsApp зависност.
Ако сакате да го проверите бројачот на пораки, најпрвин отворете ја апликацијата и кликнете на табот Settings. Потоа отворете го панелот Data and Storage Usage, а кликнете на копчето Storage Usage.
За да видите колку текстови сте испратиле, кликнете на било кој од разговорите и ќе добиете преглед на статистичките податоци.