Најновиот извештај на сајтот SamMobile ни дава повеќе информации за претстојниот премиум телефон од Samsung Note линијата. Според наводите на изворите, Galaxy Note 10 би требало да има четири камери на задната страна.
Откриен е бројот на моделот на смартфонот (SM-N975F) за кој се верува дека е Note 10. Она што е чудно кај оваа ознака е дека не завршува со нула како претходните Galaxy Note модели. Се шпекулира дека причина за ова е тоа што Note 10 би можел да биде достапен и во 4G LTE и во 5G варијанти.
Гласините сугерираат дека Galaxy Note 10 ќе има 6.66-инчен дисплеј со можен 19,5:9 однос на страници и ќе нуди 8 проценти поголема површина на екранот. Note 10 исто така го носи кодното име Da Vinci, но не е познато со сигурност дали Samsung ќе се одлучи да го задржи името Note 10 за следниот модел во линијата.
Во секој случај, не дели уште доста време од официјалната објава на Samsung Galaxy Note 10 моделот, кој би можел да биде претставен во Европа, во текот на IFA саемот во Берлин на крајот на месец август.