Доделен е уште еден патент за Apple Glass, очилата со проширена реалност на компанијата Apple, кои ќе можат да ги прикажуваат деталите од она што го гледате.
Кога Apple Glas” ќе биде подготвен, функцијата за прикажување ќе биде добро разработена, елегантна, со научен карактер. Канцеларијата за патенти и робни марки на САД неодамна издала и објавила патент кој би и овозможил на компанијата на корисниците на очилата да им овозможи детална информација за објектите кои ги гледаат.
Патентот содржи различни методи за “дисплеј на глава” за приказ на информации за “Points of Interest” со мали индикатори.
Корисниците можат да добијат повеќе детали за приказите и објектите така што ќе кликнуваат со прст на приказот во своето видно поле. Предната камера на уредот го поддржува ова движење и прикажува повеќе или помалку информации за саканиот објект. Не сме сосема сигурни како овие дополнителни информации ќе бидат прикажани, а истовремено да не бидат вознемирувачки за корисниците на очилата.
Кога станува збор за Apple Glass, има малку информации кои главно доаѓаат од Марк Гурман, кој нивното лансирање го најавил најрано за 2021. година. Очилата директно би биле поврзани со оперативниот систем на iPhone и не би прикажувале виртуелна, туку проширена реалност.
Извор: B92.net