Речиси девет месеци откако го видовме паметниот телефон BlackBerry Key2, пристигна нова верзија во светло црвена боја со двојно повеќе меморија.
Првиот модел на Key2 имаше 64 GB внатрешна меморија, а новата верзија поседува 128 GB. Процесорот е и понатаму Snapdragon 660, уредот има 6 GB RAM, 4,5-инчен LCD екран и две задни камери. За жал, софтверот останал ист, така што Key2 користи Android 8.1 Oreo.
Новата верзија на паметниот телефон изнесува 779 евра, а компанијата TCL која го произведува наскоро ќе го објави датумот на почетокот од продажбата. Тоа е нешто повеќе во однос на првиот модел, но е разбирливо со оглед на фактот што меморијата е двојно поголема и уредот се разликува од останатите претходни уреди.