GM официјално ги лансираше компактните и преклопувачки електрични велосипеди кои беа најавени минатата година под брендот Arīv. Автомобилскиот производител објави натпревар за избор на име од 10,000 долари за овие велосипеди. Двата модели се со мотори на GM, кои можат да достигнат брзина и до 15.5 милји на час со четири нивоа на асистирачка моќ. Нивните батерии целосно се полнат за 3.5 часа и можат да се користат до 40 милји.
Овие велосипеди прво ќе бидат лансирани во Германија, Белгија и Холандија. Од компанијата велат дека се одлучиле за овие земји поради популарноста на ваквите модели на велосипеди.
Комапктниот е-велосипед наречен Arīv Meld ќе чини измеѓу 2,750 и 2,800 евра, додека е-велосипедот на преклоп наречен Arīv Merge ќе чини помеѓу 3,350 и 3,400 евра.