Бидејќи ситуацијата на Земјата е закомплицирана, еден од начините да се ублажи анксиозноста води во вселената, а преку вселенската агенција NASA, се до Јупитер.

Неодамна NASA објави најнови фотографии, на кои се гледа јужната хемисфера на Јупитер, и бурите кои се формираат на далечната планета. Леталото на NASA, Juno оваа планета ја фотографира од кога прв пат пролета покрај неа во 2016. година, и оттогаш на матичната планета испраќа снимки кои на научниците им овозможуваат подобро да видат и да разберат како функционира овој гасовиден гигант.

Заинтересираните сега можат да ги видат деталите од Јупитер, и барем така на момент да се преселат во далечниот свет, кој не пати од земјините болки.

Извор: Bored Panda