SoundCloud им помага на артистите да ја дистрибуираат својата прикачена музика на другите стриминг сервиси како Spotify, Apple Music, YouTube Music, Amazon Music, Tidal, Instagram, Pandora, и Napster. Алатката која ќе овозможува дистрибуција ќе биде достапна во бета верзија без дополнителни трошоци за одредени Pro и Pro Unlimited претплатници. SoundCloud нема да зема дел од заработката на артистите од другите платформи. Музичарите исто така ќе ги задржат сите права за нивната музика.
Алатката само дозволува дистрибуција на оригинална музика која претходно ќе биде верифицирана. Класична дела, подкасти, аудио книги и white noise нема да бидат опфатени. Доколку се обидете да дистрибуирате ремикси, DJ сетови или музика врз која не полагате право, истата ќе биде отстранета од SoundCloud и повеќе нема да имате пристап до Premier програмата за монетизација.
Доколку ги исполнувате критериумите за користење на оваа алатка, на вашиот track manager ќе се појави копчето Distribute, и откако ќе ги додадете посакуваните содржините, ќе можете да ги селектирате сервисите на коишто сакате содржината да се појави.
Дистрибуцијата на различни платформи се наоѓа се почесто во фокусот на компаниите за стриминг. Набрзо откако Spotify им овозможи на инди артистите да ја прикачуваат својата музика директно на нивната платформа, од компанијата најавуваат дека ќе им овозможат на музичарите да ги споделуваат нивните мелодии со конкуретните сервиси.