Профитите на Samsung во првото тримесечје оваа година паднаа на 12,9 проценти во споредба со од ланските 21,9 отсто
Кога е во прашање комбинираниот оперативен профит што го остварија производителите на телефони во текот на првото тримесечје на годината, Apple е на прво место со 83,4 проценти. Ова се најновите резултати на аналитичката компанија Strategy Analytics. Ова претставува раст во однос на 79,8 проценти, колку што компанијата од Купертино оствари во текот на истиот период минатата година.
Од друга страна се наоѓа Samsung, чиј оперативен профит во текот на првото тримесечје изнесуваше 12,9 проценти. Ова е значаен пад во однос на истиот период минатата година, кога јужнокорејската компанија оствари 21,9 проценти.
Извештаите сугерираат дека Samsung се мачи да ја подобри својата профитабилност поради сатурацијата на пазарот и генералните проблеми со падот на маржата.
ИЗВОР: GSMArena