Се појавија нови рендери на Samsung Galaxy Watch Active паметниот часовник, а потврдуваат две работи. Часовникот ќе го користи новиот One UI на Samsung и нема да има ротирачка рамка како неговиот претходник.
Со оглед на тоа дека Samsung одлучи да не имплементира ротирачка рамка, делува дека One UI ќе функционира исклучиво преку свајпување и со помош на употреба на две копчиња од страна на паметниот часовник. Сите фотографии и рамки имаат доминантно црна позадина која го потенцира UI, а значително ќе влијае и на пролжениот работен век на батеријата (благодарение на OLED екранот на паметниот часовник).
Изгледа дека Galaxy Watch Active ќе биде фокусиран на следење на активностите, со голем број карактеристики кои се фокусираат на дневните цели на корисникот. Се сугерира дека часовникот ќе може автоматски да препознава повеќе типови активности и да ги следи без потреба корисникот да иницира вежба.
Кога се во прашање спецификациите, Watch Active ќе има 1.1-инчен 360 x 360p AMOLED дисплеј, ќе се потпира на двојадрениот Exynos 9110 чипсет , ќе има 768MB RAM, 4GB простор за складирање, Wi-Fi, Bluetooth 4.2, GPS и NFC. Ќе го напојува батерија од 236mAh, а за софтверска поддршка ќе биде задолжен Tizen 4.0.0.3. Паметниот часовник ќе може да се користи и во вода, на длабочини до 50 метри.