Доколку се спроведуваат редовни проверки и навремена замена на деловите кои се вклучени во системот за сопирање, патувањата со вашето возило ќе бидат уште поопуштени и безгрижни, советуваат од Peugeot.
Индикатори кои покажуваат дека е време за замена се:
– Чкрипење од делот на сопирачките
– Тресење
– Подолготрајно запирање
– Кај поновите возила свети и индикатор за плочки
Со желба да им излезе во пресрет на своите лојални клиенти, компанијата објавува промотивна цена на сите делови вклучени во системот за сопирање, како и на работната рака.
Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 6 март годинава.
„Еуроимпекс“, генералниот увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети, како и поправки на нивните возила.
(ПР текст)