Пребрзата потрошувачка на батеријата на iPhone може да биде директно поврзана со апликациите, кои се инсталирани на телефонот, објави Fox News.
Постојат апликации кои ја трошат батеријаата на смартфонот побрзо од другите, а тоа можете лесно да го проверите и да се ослободите од нив. Уредите на Apple, имено, имаат вградена алатка со помош на која лесно можат да откријат која апликација колку ја троши батеријата.
Едноставно е: ќе влезете во Settings, а потоа во Battery, а потоа почекајте го аплоудот. Потоа притиснете на опцијата “Last 10 Days” и тогаш на екранот ќе се појави потрошувачката на батерија во последните десетина дена, односно телефонот ќе ви ги покаже апликациите кои трошеле најмногу батерија.
Лесно е да идентификувате која од апликациите троши најмногу. На пример, доколку покрај апликацијата пишува 20 проценти, тоа значи дека ви потрошила една петтина од батеријата во последната недела и пол.
Постои опција со која можете да подесите да ви се прикажуваат апликациите според нивната активност. Така, доколку на некоја апликација сте потрошиле малку време, а таа ви одземала поголем процент од батеријата, обвинете ја неа поради фактот дека сте постојано во потрага по полнач.
Решението за штедење на батеријата е да ги избришете апликациите или пак да внимавате кои од нив постојано работат во позадина. Секако, секогаш можете да се префрлите на Low Power Mode, што во одредена мера ќе ја намали активноста на вашиот телефон во позадина.
Извор: Klix.ba