1. Xiaomi MI A2 Lite
Еден од подобрите Android смартфони за купувачите со ограничен буџет е Xiaomi MI A2 Lite – премиум дизајниран уред со 19:9 уреди и засек (notch), двојна задна камера и задоволувачки перформанси.
2. Honor 9 Lite
Honor 9 Lite е уред со кој се сретнуваме веќе подолго време, но и натаму спаѓа помеѓу подобрите Android уреди, кои можете да ги купите за помалку од 270 евра.
3. Nokia 5.1
Nokia 5.1 навистина не изгледа како уред кој чини помалку од 215 евра. Нејзиното алуминиумско куќиште, елегантниот дизајн и солидната камера се причина зошто штедливите купувачи на смартфони би можеле да го земат во предвид овој модел.
4. HTC Desire12+
HTC Desire 12+ е обид вреден за пофалба на прифатлив смартфон, кому во прилог му одат низа функции како малата тежина и многу елегантниот дизајн, спарени со прифатливите перформанси. Цената му е околу 270 евра.
5. Motorola Moto E5
Moto E5 е еден од најдобрите евтини Android смартфони на пазарот. Секако, секогаш можете да платите малку повеќе и да купите поодбар уред, но ако баш го барате најевтиниот телефон што за три дена нема да го фрлите во ѓубре, тогаш не можете да промашите со овој модел. Цената му е околу 180 евра