Според податоците на Nissan, Европа е најважниот пазар за моделот Leaf

Секоја година Норвежаните купуваат се повеќе и повеќе електрични автомобили, па така во 2018 година, токму електричен модел е најпродаван автомобил во оваа земја. Минатата година, Nissan испорачал 12,303 примероци од својот електричен модел Leaf на купувачите во оваа скандинавска земја.

Во исто време Leaf ја задржува и титулата најпопуларен модел на електрична енергија во Европа, каде што во 2018 година се продадени вкупно 40.699 возила.

На почетокот од оваа година, Nissan го надгради својот електричен модел со воведување на верзијата Leaf e + (поголема батерија и максимална автономија од 363 километри со едно полнење).

Ако се земе во предвид дека автономијата на стандардната верзија е 241 километри, ове 122 километри плус, сигурно ќе привлечат нови клиенти кои досега можеби се двоумеле дали да купат ЕВ автомобил токму поради автономијата.

Покрај поголемата литиум-јонска батерија од 62 kWh, Leaf e + има и помоќен електричен мотор. Погонскиот систем сега произведува 217 КС (160 kW) и има вртежен момент од 340 Nm. Во стандардната верзија, Leaf има мотор со моќност од 150 КС (110 kW) и 320 Nm.

Извор: Додај Гас