Иако продажбата на електрични автомобили во моментов сочинува мал дел од вкупната подажба на возила во светот, растот на овој сектор е сѐ поимпресивен од година во година.
Најголемите компании вложуваат сѐ повеќе пари во развој на технологијата за електрични возила кои се очекува во наредната деценија постепено да го преземат приматот од возилата на погон на фосилни горива.
Во 2020 година се очекува да има 4 милиони купувачи на електрични возила и плаг-ин хибриди, што е двојно повеќе отколку во 2018 година, смета престижната ревизорска компанија Deloitte.
Во 2025 година се очекува вкупната продажба на возила со електромотор и напојување на батерија да изнесува 12 милиони единици, и дури 21 милион на крајот на следната деценија.
Притоа, електричните возиила се очекува тогаш да сочинуваат дури 70% од вкупниот пазар. Економските експерти на Deloitte сметаат дека цената на електричните автомобили уште во 2021 година ќе се изедначи со онаа на возилата на бензински и дизел погон.
Од компанијата им сугеририраат на производителите да ја подобрат инфраструктурната мрежа на полначи и да вложат значителни средства во реклама на електричните возила за да го забрзаат процесот на адаптација.
Извор: B92.net