НАСА објави дека Сатурн со голема брзина ги губи своите прстени, а извештајот се базира врз анализите од податоците на вселенските летала Војаџер 1 и 2.
Врз основа на ваквите податоци научниците на НАСА го утврдиле просечниот период на настанување и исчезнување на прстените околу Сатурн.
Некои од нив се микроскопски како прашина, некои имаат широчина и од неколку метри.
Настануваат преку привлекувањето на гравитацијата на Сатурн и тие се спуштаат кон планетата како дожд од честички од мраз.
Се проценува дека ваквите прстени ќе постојат уште само 100 милиони години, што е кус период за планетата Сатурн, која постои над 4 милијарди години.
Тоа научниците го објаснуваат со феноменот на намалување на количеството честички, кои би можеле да бидат привлечени од гравитацијата на големата планета.