Google News Initiative досега се фокусираше на изработка на решенија за големите издавачи, но со 1,2 милиони долари вредниот Newspack, фокусот се насочува на малите редакции и независни медиуми.
Во послeдните години многу млади и независни медиуми беа принудени да престанат со работа. Економската криза во комбинација со различни политички превирања многу ја промени медиумската сцена во светот. За барем да се обидат да го забават тој тренд, Google News Initiative и WordPress ги здружија силите за да направат брз, безбеден и евтин систем за објава на вести, кој ќе биде по мерка на малите редакции – Newspack.
Google News Initiative досега се фокусираше на изработка на решенија за големи издавачи, но со 1,2 милијарди долари вредниот Newspack, фокусот се става на малите редакции и независните медиуми.
“Репортерите кои покренуваат нови дигитални изданија се соочуваат со големи технички и деловни проблеми. Нема смисла секоја група од локални репортери да мора да измислува вистинска комбинација од рубрики, да ангажира експерти за технологија и корисничко искуство и сето тоа да го претвори во совршен систем за објава на вести, со цел тие да допрат до нивните читатели”, појаснуваат во Google News Initiative.
Токму Newspack треба да им ги обезбеди технолошките алатки за малите редакции да можат да се фокусираат на пронаоѓањето вести. Затоа Newspack опфаќа дизајн на интернет-страница, конфигурирање на CMS и систем за продажба на огласи. Освен тоа, ќе ги поддржува постојните WordPress плагини, а сето тоа за цена од 1.000 до 2.000 долари месечно.
Во целата приказна се вклучи и челната компанија на WordPress, Automattic и неколку новинарски здруженија и донации кои ќе инвестираат дополнителни милион долари во проектот.
Извор: Zimo.hr