Xiaomi е воглавно познат по агресивниот маркетинг и како компанија, која на пазарот пласира телефони со ниска цена. Меѓутоа, компанијата полека фаќа чекор со конкуренцијата и кога се во прашање технологиите и иновациите. Иако Xiaomi не беше прв производител што претстави notch или засек во облик на капка, или долг екран и систем со две и повеќе камери, компанијата сега сака да се подобри на ова поле.
Лин Бин, претседател и соосновач на Xiaomi, објави видео во кое демонстрира смартфон прототип кој користи сензор за отпечаток од прст вграден во екранот, кој е дел од следната генерација. Подесувањето на безбедноста е можно да се креира со еден притисок и потоа да се отклучи екранот со притискање било каде на дисплејот.
Според наводите на Лин Бин, областа за отклучување изнесува 50 на 25 милиметри, што е пет пати повеќе од она што “under display” областа на телефоните го пружа сега и е преку 15 пати повеќе од стандардниот скенер на задниот дел. Покрај ова, технологијата е брза и безбедна.
Иако технологијата засега изгледа импресивно и е тестирана на Xiaomi M8 смартфонот, Бин истакна дека во идните уреди ќе биде имплементирана доколкѕ биде добро прифатена од фановите на компанијата.