Кога размислуваме за 4K паметните телевизори, секогаш се јавува загриженост дека ваквите модели би можеле да бидат скапи. Ова е донекаде точно за одредени брендови и модели, но сега Philips објави прилично достапен паметен ТВ за оние со релативно мал буџет.
Новите ТВ уреди на Philips пристигнуваат во две линии, со распон на големини од 43 до 75 инчи, со тоа што најевтиниот модел чини 350 долари. Ова е секако достапна цена, ако знаеме дека телевизорот пристигнува со 4К резолуција и ја користи Google Android TV платформата со Google Assistant поддршка.
Имплементацијата на Android TV значи дека корисниците можат да очекуваат голем број апликации. Телевизорите пристигнуваат со Bluetooth near-field микрофони за активирање на Google Assistant, што значи дека е можно да се користи се што можете да очекувате од Google Home.
Според наводите, во телевизорите е вграден и Chromecast, па корисниците можат безжично да стримаат и пренесувааат содржини од мобилните уреди на ТВ.