Xiaomi веќе стана голем играч на пазарот на смартфони, а ова е сектор каде што компанијата најмногу ја црпи својата популарност, посебно во Кина. Меѓутоа, кинеската компанија планира значајно да ги прошири своите напори и интереси вон пазарот на телефони во текот на следните пет години.
Леи Јун, претседател и CEO на компанијата Xiaomi дискутираше за идната стратегија на компанијата, а истакна дека производителот планира да имплементира 10 милијарди јуани (околу 1,48 милијарди долари) во AIoT. Во прашање е спој на вештачката интелигенција (AI) и Internet of Things (IoT).
Според зборовите на Јун, ќе постои AIoT мрежа на паметни уреди која ќе ги замениу актуелните куќни апарати со оние кои се поврзани.
Покрај ова, Xiaomi ќе продолжи да инвестира и во бизнисот со смартфони, вклучувајќи го и најновиот подбренд на компанијата Redmi. Компанијата, исто така, ќе продолжува да цели и на специфичните пазари преку Poco и Black Shark подбрендовите.