Глобалните испораки на AMOLED ќе пораснат од 370 милиони примероци во 2016 на 452 милиони во 2017
AMOLED панелите поради својата супериорност кај заситувањето на боите и потрошувачката на енергија во однос на LCD екраните имаат зголемено усвојување кај смартфоните во последно време. Како што истакнува Digitimes Resaerch, овие дисплеи наскоро ќе станат мејнстрим на паметните телефони, како и доминантно решение кај VR кацигите.
Глобалните испораки на AMOLED панелите ќе пораснат од 370 милиони примероци во 2016 на 452 милиони во 2017. година, за до 2021 да стигнат до дури 1.127 милијарди. Досега на AMOLED екраните им беше тешко да ги заменат LCD панелите, бидејќи сите производители на телефони (освен секако Samsung) беа загрижени дека Samsung Display би можел да има доминантно глобално снабдување на AMOLED анели.
Меѓутоа, сега кинеските производители го почнаа производството на AMOLED дисплеи и подготвени се за продор, па дури и за можност овие екрани да стигнат на телефоните од средна и пониска класа.
Извор: Digitimes