Концептот на “воздушно такси” под името Bell Nexus, претставува хибридно летало на електричен погон, кој со помош на своите шест пропелери може да извршува вертикални полетувања и слетувања.
А ако може да се суди од наводите кои доаѓаат од компанијата Uber, ова летачко возило во многу блиска иднина би можело да се најде во нивната флота. Неговото ставање во функција е најавано за средината на 2020. година.
Концептот на воздушно такси, односно летачко возило – како што често ги нарекуваат, станува се попопуларен, па компанијата Bell Helicopter, која стои зад Bell Nexus леталото, се надева дека ќе ја
Компанијата од Тексас беше меѓу првите кои во 2017. година се здружија со Uber, кога овој сервис прв пат ги објави деталите на својот амбициозен план за создавање на флота на летачки такси.
Експертите на компанијата Bell оттогаш напорно работеа на тој проект, за неодамна да го претстават својот прв концепт на летачко возило. Нагласуваат дека не контролирале играчка, туку летачко возило кое на корисниците ќе им нуди удобен и безбеден превоз.
Покрај компанијата Bell, уште 19 големи компании разработуваат сопствени концепти на летачки такси. Меѓу нив се и гигантите на авиоиндустријата Boeing и Airbus, па Uber ќе биде во прилика да избира помеѓу повеќе можности.