Една технолошка компанија ветува револуција во областа на мониторингот на работата на срцето. На претстојниот CES 2019 во Лас Вегас, компанијата Withings ќе го претстави иновативниот BPM Core.
Станува збор за најновиот смарт-монитор за следење на срцевата работа, дефиниран од инвеститорот како “револуција” за здравјето на срцето. Уредот го мери крвниот притисок, срцевиот ритам и електрокардиограмот (ЕКГ), а плус е и дигитален стетоскоп.
Но, неговата функционалност не е ограничена само на мерењата на клучните индикатори. BPM Core е способен за анализа на собраните информации и откривање на разни проблеми со срцето, атријална фибрилација и други недостатоци.
Целиот процес на анализата трае околу една и пол минута. BPM Core се очекува да се продава по цена од 250 долари.