Samsung најверојатно ќе го објави својот флексибилен телефон во 2019 година, а постојат гласини дека други компании, како што на пример Huawei, се заинтересирани за вакви уреди. Неодамна, пак, имаше гласини дека Apple можеби исто така размислува да влезе на овој пазар, со својот флексибилен телефон.
Најверојатно Apple ја истражува идејата, или барем концептот зад неа. Според Patently Apple, Apple поднел пријава за патент со специјализиран слој за дисплеји што треба да се свиткани. Овој слој е дизајниран да го заштити дисплејот и да овозможи виткање без никакво оштетување, особено за повеќекратна употреба.
Иако информациите не даваат премногу увид во развојот на ситуацијата со создавањето на Apple Flexible Display, тие покажуваат, во најмала рака, дека компанијата до одреден степен е заинтересирана за технологијата. Алтернативно, Apple можеби се обидува да најде решение со кое ќе може да лиценцира или да продава на други компании кои сакаат да креираат флексибилни телефони.
Според претходните гласини, флексибилниот телефон на Apple веќе неколку години е далеку од најавување, па затоа тој не се очекува во скоро време.