Oперативниот систем на Google, Android го пронајде својот пат до многу индустриски сегменти – од мобилни телефони, мобилни уреди, паметни телевизори (Android TV), па се до автомобилите.
Судејќи според најновата најава, Android TV платформата поминува многу добро, па така Google објави дека платформата сега има десетици милиони корисници.
Интересен факт е дека оваа популарност не доаѓа од САД, па така Android TV е најпопуларен во Европа и Азија, но се очекува дека сега платформата во САД да биде подобра прифатена, бидјеќи DirecTV неодамна ги најави своите set-top кутии со имплементирана поддршка за Android TV во текот на 2019 година.
Во меѓувреме, конкуренцијата на Android TV ги објави своите резултати – pa така Roku има 22 милиони активни корисници, додека Амазон е далеку позади конкуренцијата.