Милијардерот и иноватор Елон Маск секој час заработува по 900.000 долари, податок што го пресметале во компанијата „Би-ај“. Тие ја зеле предвид неговата просечна плата во последните 10 години и изјавата на Маск дека работи 120 часа неделно. Минатата недела вредноста на неговата компанија „Тесла“ се зголеми за 11%, па Маск со ова заработил околу 1,43 милијарди долари.
Милијардерот неодамна во интервју открил дека од 2001 година немал слободна недела, а и тогаш одморал само затоа што се разболел од маларија. Во истото интервју рекол дека постоеле периоди кога по три-четири дена не излегувал од фабриката, а на венчавката на својот брат бил само неколку часа за да се врати во компанијата на состанок.
Се претпоставува дека богатството на Маск изнесува 23 милијарди долари, но во оваа сума не се вклучени неговите приходи во компанијата SpаceX, за кои нема податоци во јавноста.