Новооткриената фотографија на Европската вселенска агенција (ESA), дава прекрасен изглед на кратер полн со мраз на Марс, кој потсетува на голо око.
Научниците од ЕЅА ја споделиле фотографијата од Кратерот Королев, со должина од 82 километри и кој е исполнет со мраз кој достигнува длабочина до нешто повеќе од 3 километри.
Каков тип на уред може да ја направи оваа фотографија? Во овој момент, единствени кои го истражуваат подрачјето на Марс се роверите со ограничен географски опсег, кои ја истражуваат површината од висок степен на Марс.
Сепак, оваа фотографија изгледа како да е направена од прзорец на авион кој лета низ атмосферата на Црвената планета.
A beautiful #winter wonderland… on #Mars! This ice-filled crater was imaged by our Mars Express spacecraft. Korolev crater is 82 kilometres across and found in the northern lowlands of Mars.
More images: https://t.co/48Czjh80Qb pic.twitter.com/5KDQ1PJ0jt— ESA (@esa) December 20, 2018
Рамните сателитски фотографии на ЕЅА се поставени преку постоечките топокрафски податоци. Движењето во перспективата на истражувачите им дава поинтимен поглед на Марс. Наместо бели точки на дводимензионална мапа, полесно е да се разбере како навистина изгледа Црвената планета.
„Марс експрес“ го фотографирал Королев со својата стерео камера во висока резолуција, способна да снима предмети со големина од десет метри.
Кратерот е именуван според ракетниот инженер и дизајнер Сергеј Королев, архитект на советската вселенска програма. Тој работел на првите мисии на Месечината, Марс и Венера, како и на програмата Спутник, која го лансираше првиот вештачки сателит.