Корисниците забележаа дека новиот iPad Pro се извиткува. Од Apple признаа дека тоа е можно. Но, што сега?
Apple кога и да исфрли некој нов производ на пазарот, новинарите и вљубениците во технологијата ширум светот ги тестираат тие производи. Често овие тестови се состојат и од тест на издрживост, во кој се тестира колку цврсто е направен производот, односно дали може да ја издржи секојдневната употреба.
Не е реткост при таквите, екстремни тестирања, производите и да се искриват. Но, проблем е кога такви искривени ќе пристигнат во оригиналната кутија.
Токму тоа се случува со новиот таблет iPad Pro. Се повеќе купувачи тврдат дека искривен iPad добиле во оригинално спакувана кутија, или пак таблетот лесно се свиткува после само неколку дена користење.
Од Apple во меѓувреме се огласија и признаа дека постојат „искривени“ iPad Pro таблети. Во соопштението кое што го испратија до The Verge, од Apple тврдат дека искривувањето е „последица на производниот процес на уредот и не би требало да се влоши тоа или негативно да влијае на работата на iPad“.
Наводно, до искривување на уредот доаѓа во текот на ладењето на куќиштето кое што е изработено од пластика и алуминиум.
Засега проблем претставува тоа што корисниците не знаат што да прават со своите нови iPad Pro таблети кои што се искривени, дали едноставно треба да побараат нови од Apple, или пак да ги однесат на сервис каде што ќе им ги „исправат“ таблетите.
Неодамна, после бројни поплаки, YouTube влогерот „JerryRigEverything” изврши тест на издржливоста на новиот таблет на Apple, а неговиот тест ги потврди гласините дека iPad Pro премногу лесно може да се свитка и скрши.
Извор: Zimo.hr