LG се подготвува да ја прикаже новата линија монитори во текот на CES 2019 саемот, со својата Ultra серија дисплеи. Се очекуваат 32:9 UltraWide 49WL95 и UltraGear 38GL950G G-Sync Gaming монитори.
LG UltraWide 49WL95 е 32:9 5120 x 1440p монитор, кој користи 49-инчен панел и може да послужи како два 27-инчни 1440p модели. Дисплејот покрива 99% sRGB спектрум на бои и дизајниран е да ги поддржи HDR10 влезовите. Од конекциските опции, LG 49WL95 поддржува USB-C, HDMI и DisplayPort, а се очекува и декса ќе поддржува 60Hz, иако освежувањето на дисплејот не е потврдено. Екранот исто така го поддржува picture-in-picture режимот за користење со повеќе уреди. Исто така, може да ги полни уредите преку USB-C порт до 85W. Присутен е и четиринасочен USB 3.0 хаб.
Кога е гејмингот во прашање, за овој сегмент е задолжен LG UltraGear 38GL950G. Во прашање е 144Hz G-Sync гејминг монитор, со резолуција од 3840 x 1600p и покрива 98% DCI-P3 гамут на бои. Овој гејмерски дисплеј го поддржува и LG Sphere системот на осветлување, кој детално ќе биде претставен во текот на CES. Мониторот има HDMI 2.0 и DisplayPort влезови.